Астон Вила стана „кошмар“, падна и Арсенал

155

Арсенал не успеа да ја задржи лидерската позиција, а за ова виновник е тимот кој стана „кошмар“ за големите во Премиер-лигата. По победата над Сити, Астон Вила дојде до нови бодови, овој пат против Арсенал кого го совлада со 1-0.

Стрелец на единствениот гол на оваа средба беше МекЏин, кој стрелаше во седмата минута. На истекот на 90 минута, главниот судија им поништи гол на гостите поради играње со рака.

Со оваа победа гигантот од Бирмингем скокна на третото место на табелата со 35 бодови. Пред него се само Ливерпул со 37 и Арсенал со 36 бодови.

Можеби е смело и рано да се зборува, но Емери ја води Астон Вила во борбата за шампионската титула, за која Бирмингем долго сонува. Овој пат седум пати беше шампион на Англија. Сепак, последната титула дојде во далечната 1981 година, кога овој тим беше на врвот на својата слава.

ПретходноЛудница во Бергамо: Голчиште на Муриел – Милан на „колена“ (ВИДЕО)
СледноПелистер го реши „жилавиот“ Кожув