Попладнево се одиграа сите осум средби од последното есенско коло во ВМФЛ. Беса стави печат на провизорната есенска титула откако денеска како домаќин ја совлада победа со 3:1. Адеми стрелаше двапати а Емини еднаш, додека за Победа стрелаше Алимоски.
Детонит како гостин славеше со 0:1 кај Караорман и тоа со голот на Мемеди. Пелистер неочекувано имаше проблеми со Осогово и тоа во Битола. Гостите поведоа со голот на Паунов, за да потоа Размоски и Спиркоски донесоа победа на Пелистер кој на пауза ќе замине како третопласиран.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 15.КОЛО
Арсими – Беласица 2:1
Беса – Победа 3:1
Скопје – Новаци 2:1
Караорман – Детонит 0:1
Кожув – Охрид 2:0
Пелистер – Осогово 2:1
Тетекс – Башкими 0:0
Вардар (Н) – Саса 1:0
ТАБЕЛА
Беса 40, Детонит 35, Пелистер 33, Арсими 23, Кожув 23…