Денеска во 13 часот се играат сите осум средби од 15.коло или последно есенско во оваа сезона. Следува пауза се до 17 февруари следната година кога продолжува првенството во ВМФЛ.
Есенскиот шампион, тимот на Беса денеска ќе ја прослави провизорната есенска титула и тоа против Победа на стадионот во Врапчиште. Јасно е кој е фаворит, се освен убедлива победа на момците на тренерот Таневски ќе биде голема сензација.
Пелистер игра во Битола и го дочекува составот на Осогово, и на овој меч домашниот тим е голем фаворит и се очекува да освои лесни три бида против тимот од Кочани.
Вториот Детонит, ако сака да го здржи ова место, тогаш мора да победи во Струга каде се среќава со Караорман. Да потсетиме дека разликата меѓу Детонит и Пелистер е два бода.
На останатите мечеви во ова последно есенско коло за сезоната 2023/24 се среќаваат Кожув – Охрид, Вардар (Н) – Каменица Саса, Скопје – Новаци, Арсими – Беласица и Тетекс – Башкими.
ДВОЈКИ ЗА 15.КОЛО ВО ВМФЛ – ДЕНЕСКА (13 Ч)
Кожув – Охрид
Караорман – Детонит
Вардар (Н) – Каменица Саса
Скопје – Новаци
Арсими- Беласица
Пелистер – Осогово
Беса – Победа
Тетекс – Башкими
ТАБЕЛА
Беса 37, Детонит 32, Пелистер 30, Охрид 23, Новаци 22, Арсими 20, Беласица 20, Кожув 20, Скопје 18, Тетекс 17, Башкими 17, Вардар (Н) 15, Победа 15, Осогово 12, Караорман 11, Каменица Саса 8 бодови