Дончиќ продолжува да блеска, Јокиќ е непрепознатлив (ВИДЕО)

2388

Далас Маверикс дојде до победа на гостувањето кај Портланд Трејлблејзерс со 112-125. Во центарот на вниманието на овој меч беше Лука Дончиќ. Словенецот запиша дабл-дабл од 32 поени и 10 асистенции, а зад своето име додаде уште шест скока. На другата страна Симонс беше стрелец на 30 поени.

Денвер Нагетс загуби на домашен терен од Хјустон со 106:114, што ретко кој можеше да го предвиди, со оглед на тоа што домашните претходно „врзаа“ девет победи на домашен терен, а гостинот имаше сличен скор на гостински терен. Сепак, „ракетите“ апсолутно го скршија актуелниот шампион во првите три четвртини.

Никола Јокиќ немаше своја вечер. Иако постигна 23 поени, сепак неговата реализација беше 9/26. Србинот фати дури 16 топки и подели пет асистенции. Јокиќ се мачеше со шутот и при поразот во четвртокот од Лос Анџелес Клиперс (102:111), кога погоди девет од 32 обиди, а тие проблеми продолжија и на овој натпревар. Неговиот тим го претрпе третиот последователен пораз и падна на четвртото место во западната конференција, со скор од 14-9, зад Минесота (17-4), Оклахома (14-7) и Далас (13-8).

Резултати:Мајами – Кливленд 99-111, Филаделфија – Атланта 125-114, Орландо – Детроит 123-91, Шарлот – Торонто 119-116, Бостон – Њујорк 133-123, Бруклин – Вашингтон 124-97, Оклахома – Голден Стејт 138-136, Мемфис – Минесота 103-127, Сан Антонио – Чикаго 112-121, Феникс – Сакраменто 106-114 и Јута – ЛА Клиперс 103-117.

ПретходноФ1 е скап спорт: Верстапен само за лиценца за настап во 2024 година ќе плати 1,2 милиони евра!
СледноНова мешаница во НБА-лига: Четворица кошаркари тргнаа кон босанскиот ѕвер (ВИДЕО)