Коко Гоф со најголема заработувачка во 2023 година

115

Американската тенисерка Коко Гоф најмногу заработила во конкуренција на дамите во тековната година, повеќе и од првата на ВТА листата Ига Швјонтек.
Според истражувањата на „Спиртико“, шампионката на последниот УС Опен во тековната година заработила 22,7 милиони долари од кои „само“ 6,2 милиони од турнири и 16 милиони од комерцијални договори. Таа титула на УС Опен и беше прва Грен слем титула во кариерата.
Швјонтек е втора по заработувачка во оваа година, таа инкасирала 21,9 милиони долари, меѓутоа само од турнири. Не е наведено колку четирикратната Грен слем шампионка заработила од договори со спонзорите, но секако тоа е помалку од наградата од турнирите и сигурно помалку од заработката на Гоф од комерцијалните договори.
Трета на листата е американско-кинеската лизгачка Ејлин Гу, која со 18 години е најмладата олимписка шампионка, која во 2023 година заработила 20 милиони долари.
Следуваат тенисерките Ема Радукану, Наоми Осака, па Арина Сабаленка, Елена Рибакина, Џесика Пегула, на деветтото место е гимнастичарката Симоне Билс, а топ 10 го заокружува голферката Нели Корда.
На 11-тото место е фудбалерката Алекс Морган и позади нејзе е колешката Меган Рапино.

ПретходноАнчелоти: Би сакал да бидам селектор на Италија
СледноЗиелински: Сите почнаа да го користат рецептот на Карвахал, затоа мора да се промениме