Фудбалерите на ПСЖ славеа против Нант со 2-1 во рамките на 16 коло во Лига1. Херојот на домшниот состав беше Коло Муани, кој во 83 минута ги постави конечните 2-1.
ПСЖ потешко од очекувањата дојде до победата. Во 41 минута Баркола донесе водство од 1-0, но гостите после десет минути игра во вториот дел израмнија на 1-1 преку Мостафа Мохамед.
Коло Муани, стрелецот на победничкиот гол не се радуваше, го испочитува својот некогашен тим.
Randal Kolo Muani’s goal. 🇫🇷⚽️ pic.twitter.com/GQbBpy9SLA
— PSG Report (@PSG_Report) December 9, 2023
Тимот на Луис Енрике останува лидер со шест бода повеќе од второпласираниот Монако, Нант е деветти со 18 бодови.