Куп на Македонија: Мулти Есенс убедливо низ Велес

169

Екипата на Мулти Есенс без проблем ја минаа првата елиминациска фаза во Купот на Македонија. Гостите од Скопје на гостински терен славеа против РК Бисинов со убедливи 24-39 и се пласираа во групната фаза.

Ракометарите на Мулти Есенс мечот го решија уште во првото полувреме, по кое имаа водство од 9-21. Домаќинот беше немоќен уште на стартот, кога поведе со 4-12, па од овој момент го наметнаа своето темпо и лесно го одржуваа водството.

Јорданов беше стрелец на седум гола, еден гол помалку имаше Карасманакис. На другата страна Димитров запиша пет погодоци.

ПретходноКопчар: По денешното криминално судење во Гостивар спонзорите најавија заминување од Ѓорче!
СледноЦрногорски репрезентативец го засили ГРК Охрид