Фудбалерот Вестон Мекени откри дека играњето во Јувентус го научило да не трча повеќе како кокошка без глава. Играчот од средниот ред играше за Шалке 04, беше во Лидс Јунајтед, а сега е во Јувентус. Макс Алегри го тера да покрива повеќе по десната страна.
„Тоа не е баш нова улога за мене. Во Шалке играв како бек, па познато ми е тоа. Меѓутоа јас сум тимски играч и не ми е важна улогата која ја играм – само сакам да помагам на тимот колку што можам“, изјави Мекени.
„Тоа што го научив во Италија е тактиката. Во Германија и во Англија беше трчање напред назад, но тука помалку трчање и повеќе тактика и позиционирање. Тоа е она што ми требаше и сакав да го унапредам, наместо да трчам наоколу како обезглавена кокошка“, изјави Американецот.
За трансформацијата на Јувентус во оваа сезона за разлика од минатата.
„Духот е многу важен, се трудиме да се држиме заедно, да имаме мали вечери овде-онде за да бидеме еден со друг, да изградиме врска. Знам како Андреа е надвор од теренот, Гати исто така, што е важно за нив. Мислам дека би трчале низ ѕид еден за друг, па кога ќе видите како се фрламе за да блокираме удар, да освоиме топка, тоа е супер важно“.