Бенфика беше апсолутен фаворит на домашен терен на мечот против Фаренсе , но на крајот успеа да се спаси од пораз, а немаше сили за пресврт.
На натпреварот имаше голема тензија, а се продолжи и по натпреварот бидејќи дел од навивачите ги чекаа играчите да се фотографираат.
Играчите беа налутени од прозивките на нивните навивачи за време и по натпреварот, а некои решија да го покажат тоа.
Еден од нив е Артур Кабрал кој реши да испрати „порака“ до фановите кои го чекаа да се фотографираат со него.
Тој само помина покрај нив со својот автомобил и реши да им покаже среден прст.
Arthur Cabral para alguns adeptos do Benfica 😳 pic.twitter.com/Gv7iA8ut4g
— B24 (@B24PT) December 8, 2023