Петар Атанасијевиќ ја наполни мрежата на Шампион – постигна 32 гола

287

Македонскиот репрезентативец, Петар Атанасијевиќ максимално ја искористи доминацијата на Пелистер во пресметката со Шампион во рамките на Куп-елиминацииите.

Македонскиот првак славеше со убедливи 57-16, а Петар запиша 32 гола. Зад него беше уште еден македонски репрезентативец, а тоа е Ненад Костески, кој запиша 10 погодоци.

На останатите средби, Радовиш славеше убедливо против Преспа со 22-41, додека вториот тим на Пелистер беше подобар од Овче Поле со 48-23.

ПретходноБелингем повторно стрелец, но Реал не победи…прекрасен гол на Руибал! (ВИДЕО)
СледноИсторија: Од денеска Ц. Звезда е светски рекордер!