ПМФЛ: Кехинде од белата точка ги реши „лавовите“! Имаше ли пенал за гостите?! “Боксерот“ Нкурунзиза! (ВИДЕО)

854

Во првиот меч од последното есенско коло во ПМФЛ, попладнево во Гостивар, домашните со 1:0 со гол од пенал на Кехинде во 89.минута ја победија Македонија ЃП.

По не така добриот терен, тврд и негоден за игра, видовме интересен меч со многу шанси, еден гол, недосуден пенал за гостите, и на крај заслужена победа на Гостивар.

Ова беше прва победа по трите ремија за гостиварци во серија, и 11 меч во низа без пораз.

А се започна со заканата на Закпа во 9.минута, за да две минути подоцна Кехинде имаше зицер, но гостинскиот голма Стевковски фантастично одбрани. На дригата страна Алексовски се закани, но тоа беше недоволно да се совлада домашниот голман.

Гостиварци продолжија со атаците кон гостинскиот гол, на моменти се играше и „викторија“ што се вели, а Атиемвен во 22.минита можеше и требаше да шутира подобро. Ни Закпа по вторпат не успеа да го совлада Стевковски, а во 41.минута Кехинде одново имаше зицер, но Стевковски уште еднаш беше фаантастичен.

Во второто полувреме ништо не се смени, Гостивар напаѓаше а Македонија ЃП од контри се обидуваше да дојде до водство.

Сепак првата шанса во овој период ја имаа домашните, кога Закпа во 53.минута беше очи во очи со Стевковски, но неговиот лоб удар заврши непрецизно.

Од една добра изградена акција Фазли имаше добра шанса да го шокира Гостивар и да ги казни сите оние промашени шанси, но сепак и овојпат не видовме гол, домашниот голман Абази беше на место.

Алхасан во 63. и Такахара во 68.минута имаа шанси, но пак нема и нема гол.

Во 77.минута младиот Алии можеше да стрела за “лавовите“, но пак Абази одбрани.

На другата страна Атиемвен со шанса, по киксот на Мишевски, за Гостивар, осма во текот на овој меч, но Стевковски одново ги искажува сите свои квалитети.

Стевковски во 82.минута одново испаѓа како победник во дуелот со Кехинде, нова шанса за гостиварци.

Во финишот Гостивар остана со играч помалку откако Нкурунзиза удри гостински играч и доби црвен картон, тоа беше класичен бокс удар.

Потоа следуваа две спорни ситуации, едната за домашните, другата за гостите, но не судијата Стојанов не покажа пенал.

Затоа покажа во 89.минута кога Дервиши беше фаулиран од Стоилов. Кехинде беше сигурен пеналџија за 1:0.

Со овој резултат и заврши овој бурен натпревар.

ПретходноГерманска ракометна икона се откажа
СледноВМФЛ: Беса со стил ја заврши есенската полусезона, победи и на Детонит и Пелистер…