Работнички се „рехабилитираше“ во Гостивар, Чаир во Охрид

170

Работнички им се врати на победите по поразот на домашен терен од Феникс во минатото коло. Избраниците на Горан Самарџиев дојдоа до убедлив триумф на гостувањето на жешкиот терен во „Младост“ откако го совладаа Гостивар со 65-86.

Рикиќ беше стрелец на 23 поени и 14 скока, додека Трис запиша 17 поени и осум скока, Ефремовски имаше 16 поени. Кај домаќинот, Вилијамс и Џонс беа стрелци на 15 поени.

Кошаркарите на Работнички ги добија сите периоди, отворија со 15-25 и од овој момент постојано беа во позитива која знаеја умешно да ја сочуваат за мирен финиш, свесни дека драма во последните минути најмалку им треба кога се на теренот во „Младост“.

За Работнички ова беше седма победа, има и четири порази, додека за Гостиват пак е седми порази, има четири поразии

На победите им се врати и Чаир 2030. По двата порази од МЗТ Скопје и Еуро Никел успеа да биде подобар од Охрид на гостински терен со 64-74. Корбет имаше 22 поени и 18 скока, додека на другата стрна Бернард имаше 28 поени.

ПретходноЦрногорски репрезентативец го засили ГРК Охрид
СледноЛудница во Бергамо: Голчиште на Муриел – Милан на „колена“ (ВИДЕО)