Фудбалската сезона е во тек, а можеби е изненадување, но се уште има клубови кои ги имаат сите победи во првенството. Во Европа такви се два клуба.
Холандски ПСВ Андховен е лидер во холандското првенсво, но изненадуваат нивните совршени резултати со оглед на тоа дека за ривали ги имаат Ајакс, Феенорд, АЗ Алкмар… ПСВ ги доби сите 15 натпревари до сега и има 10 бодови повеќе од второпласираниот Феенорд. Гол разликата им е +46.
ПСВ идниот меч го игра на 17 декември против АЗ Алкмар во гости.
Другиот клуб е Виртус кој доминира во првенството на Сан Марино и има 11 победи на исто толку натпревари, со пет поени повеќе од второпласираната Ла Фиорита. Виртус има гол разлика +22. Виртус денеска игра во гости против Космос.