Уф, каква катастрофа на “ѓаволите“: Борнмут го понижи Јунајтед среде “Олд Трафорд“! (ВИДЕО)

239

Невидена катастрофа на “Олд Трафорд“. Манчестер Јунајтед – Борнмут 0:3. Каков меч за момците на Ерик Тен Хаг, секако катастрофален.

Соланке, Билинг и Сенеси стрелаа за гостите за тие 0:3. Ретко кој очекуваваше ваква катастрофа по добрите резултати на Јунајтед во последно време.

Борнмут испиша историја, ова е прва нивна победа на “Олд Трафорд“.

На останатите средби Брајтон одигра само 1:1 против Барнли, Шефилд со 1:0 го победи Брентфорд а Вулверхемптон и Нотингем Форест ремизираа со резултат 1:1.


ПретходноСрамен пораз од 5:1: Франкфурт го “наполни“ Баерн….Тухел пред отказ! (ВИДЕО)
СледноБелингем повторно стрелец, но Реал не победи…прекрасен гол на Руибал! (ВИДЕО)