Фудбалерки обвинија тренер дека ги терал да имаат секс со него за да играат во првиот тим

6167

Хорхе Гомез, тренерот на женскиот фудбалски тим на Несакса од Мексико е под жесток притисок откако актуелни и поранешни фудбалерки, негова поранешна асистентка, го обвинија дека ги терал да имаат сексуален однос за да играат во првиот тим.

Според „АС“, Гомез ги канел фудбалерките во неговата куќа и сето тоа завршувало со забава со вклучени алкохолни пијалоци. Потоа тренерот ги заведувал и се обидувал да има сексуален однос гарантирајќи им првотимски статус. Ако не прифателе тие би биле заменети или избркани од клубот. Некогаш им наредувал на другите играчи остро да стартуваат врз оние „непослушните“.
Има малолетни играчи кои на крајот спиеја со него затоа што им ветил дека ќе им ја засили кариерата. Знам за малолетници со кои спиел. Многу играчи се плашат од него. Доказите се веќе презентирани на управата, вклучувајќи фотографии, аудио, видеа, пораки. Дури и родителите знаат…“, се огласи еден од играчите, цитиран од мексиканскиот весник „Процесо“.
Горенаведената публикација, исто така, раскажува уште една ситуација во која е вмешан Хорхе Гомез: „Двајцата беа на забава во неговиот стан, тој ја однесе во спалната соба и почна да и ги спушта панталоните. Таа рече не, ја оттурна и потоа си замина. Следниот ден и испраќа порака во која се извинува и вели дека бил пијан“.
Истите играчи гарантираат и дека тренерот вербално малтретирал некои спортисти, особено во однос на нивната тежина: „Да не бевме во идеалната тежина, ќе речеше дека сме дебели“.
Се шират и гласини дека истото го правел и во претходниот клуб Пуебла, а фудбалерките кои се охрабрија да ја раскажат приказната ги повикуваат и другите колешки да споделат искуства за да се стави крај на овој огромен проблем и да се преземат мерки.

ПОВЕЌЕ НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноЗиелински: Сите почнаа да го користат рецептот на Карвахал, затоа мора да се промениме
СледноШифрин со триумф во Ст.Мориц, нејзин 91. во кариерата