ВМФЛ: Беса со стил ја заврши есенската полусезона, победи и на Детонит и Пелистер…

811

Попладнево се одиграа сите осум средби од последното есенско коло во ВМФЛ. Беса стави печат на провизорната есенска титула откако денеска како домаќин ја совлада победа со 3:1. Адеми стрелаше двапати а Емини еднаш, додека за Победа стрелаше Алимоски.

Детонит како гостин славеше со 0:1 кај Караорман и тоа со голот на Мемеди. Пелистер неочекувано имаше проблеми со Осогово и тоа во Битола. Гостите поведоа со голот на Паунов, за да потоа Размоски и Спиркоски донесоа победа на Пелистер кој на пауза ќе замине како третопласиран.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 15.КОЛО

Арсими – Беласица 2:1

Беса – Победа 3:1

Скопје – Новаци 2:1

Караорман – Детонит 0:1

Кожув – Охрид 2:0

Пелистер – Осогово 2:1

Тетекс – Башкими 0:0

Вардар (Н) – Саса 1:0

ТАБЕЛА

Беса 40, Детонит 35, Пелистер 33, Арсими 23, Кожув 23…

ПретходноПМФЛ: Кехинде од белата точка ги реши „лавовите“! Имаше ли пенал за гостите?! “Боксерот“ Нкурунзиза! (ВИДЕО)
СледноЛиверпул со пресврт до победа, Салах со гол бр.150 во ПЛ и бр.200 за “редси“! (ВИДЕО)