Германките ги заковаа Србинките на дното

141

Репрезентацијата на Србија и официјално ги загуби сите шанси за да се најде во следната рунда на Светското првенство. Ракометарките на нашиот северен сосед беа надиграни од Германија со убедливи 31-21.

Србинките се држеа добро во првото полувреме, беа на негатива од еден гол (13-14), а потоа целосно се распаднаа. Ова беше четвртти пораз во низа за последно место во групата 3, додека Германија остана перфектна.

Во истата група Данска ја совлада Полска со 22-32, додека пак Романија беше подобра од Јапонија со 32-28.

На втората победа на Мундијалот се радуваа хрватските ракометарки беа подобри од Камерун со 24-15. Хрватска е трета на табелата во групата 1, зад Црна Гора која има бод повеќе.

Тука лидер е Шведска која има максимални четири од четири, денеска славеше против Унгарија со 22-26, благодарение на одличната игра во второто полувеме.

Црна Гора пак имаше лесна задача, играше против Сенегал. До убедливиот триумф од 21-29 дојде благодарение на добрата игра во првото полувреме.

ПретходноБабунски со ремек-дело го замолкна Базел (ВИДЕО)
СледноЛука Модриќ бесен, а Карло молчи: Не знам што направил!