Еден од најдобрите ракометари на 21. век Уве Генсхајмер ќе ја заврши својата кариера на крајот на сезоната 2023/24. Оваа информација ја сподели и неговиот клуб Рајн Некар Левен, а по завршување на ракометната кариера Уве ќе продолжи да работи во овој клуб во улога на спортски директор.
Инаку Генсхајмер, кој има 37 години, во кариерата играше за два клуба. Почна во Рајн Некар Левен и играше за овој клуб до своите 30 години, а потоа три сезони помина во ПСЖ, а во 2019 година се врати меѓу „лавовите“.
Генсхајмер е надвор од терените извесен период поради повреда на коленото, но се очекува тој да се врати во вториот дел од неговата последна сезона во професионалниот ракомет.
Левокрилниот ракометар одигра 204 натпревари за Германија.
🙌 Son poignet magique, ses chabala, ses roucoulettes…vont nous manquer ! 😢
BIG RESPECT à @uwegensheimer 🇩🇪 et pour son incroyable carrière et tous ses jolis buts marqués 💪 pic.twitter.com/hy4UAOYPfD
— HandNews (@HandNewsfr) December 8, 2023