Екипата на Мулти Есенс без проблем ја минаа првата елиминациска фаза во Купот на Македонија. Гостите од Скопје на гостински терен славеа против РК Бисинов со убедливи 24-39 и се пласираа во групната фаза.
Ракометарите на Мулти Есенс мечот го решија уште во првото полувреме, по кое имаа водство од 9-21. Домаќинот беше немоќен уште на стартот, кога поведе со 4-12, па од овој момент го наметнаа своето темпо и лесно го одржуваа водството.
Јорданов беше стрелец на седум гола, еден гол помалку имаше Карасманакис. На другата страна Димитров запиша пет погодоци.