Пелистер го реши „жилавиот“ Кожув

98

Во последниот натпревар од саботната програма во рамките на 11 коло, Пелистер успеа да го одбрани домашниот терен од незгодниот состав на Кожув совладуваќи го со убедливи 72-61. Гевгеличани жилаво се бореа до средината на последната четвртина која дојдоа на негатива од три коша (61-58), но потоа полека почмнаа да ги испуштаат „конците“.

Битолчани од овој момент направија серија од 11-3 и на крајот славеа убедливо.

Пелистер останува втор на табелата зад МЗТ Скопје со 19 бода и скор од осум победи и три порази, додека пак Кожув засега е деветти со три победи и осум порази.

Планиниќ имаше 14 поени и 11 скока кај победникот каде Маслинко запиша 12 поени. Кај гостите Слатер постигна 24 поени.

ПретходноАстон Вила стана „кошмар“, падна и Арсенал
СледноСабота за паметење: Борусија и Лајпциг понудија спектакл