Полувреме: Гостивар со шанси, ама Стевковски е феноменален на голот на “лавовите“ и ги чува тие почетни 0:0!

115

Без голови се игра по првите 45.минути на средбата меѓу Гостивар и Македонија ЃП, прва од последното есенско коло во ПМФЛ.

Очекувано Гостивар напаѓаше, имаше и три голема шанси преку Кехинде во 11.минута и 41.минута, потоа Атиемвен во 22.минута и Закпа во 26., но голманот на “лавовите“ Христијан Стевковски беше феноменален на голот и благодарение на неговите интервенции, на пауза се замина со тие почетни 0:0.

Инаку гостите се заканија преку Алексовски, но тоа не беше којзнае каков удар да се загрози домашниот гол, исто како и оној обид на Закпа во 9.минута кога неговиот шут заврши далеку од голот на Стевковски.

Гостивар напаѓа, има иницијатива, но и со многу грешки во креираењето на акциите, додека “лавовите“ се ориентирани само на одбрана со обиди преку контранапади да дојдат до шанса.

ПретходноСамо два тима во Европа ги имаат сите победи
СледноМекени за играњето во Јувентус: Повеќе не трчам како обезглавена кокошка