Избраниците на Ерик тен Хаг доживеаја убедлив пораз од Борнмут од 3:0. Јунајтед вторпат е поразен во последните три натпревари, а по седмиот пораз во првенството се наоѓа на шестото место на табелата со 27 бодови.
Тен Хаг не го криеше разочарувањето по натпреварот.
„Изнервиран сум, разочаран… Очекував дека ќе биде поинаку, се надевав пред натпреварот дека ќе се надоврземе на се што направивме против Челзи. Многу е разочарувачки начинот на кој го отворивме натпреварот. Начинот на кој почнавме не е дабар. Лошо е Првите пет минути не треба да се случат, особено против ривал како денешниот. Тие се многу добри во транзицијата,
Направивме се за да се вратиме во игра, за малку ќе изнудевме пенал, но направивме и многу грешки. Не бевме доволно добри во одбраната. Мислам дека секогаш мораме да бидеме подготвени за натпревар, не бевме и морам да преземам одговорност. Морам да го подготвам тимот“, ја презеде вината на себе Ерик тен Хаг.