Бесарт Ибраими: Ова е уште еден голем успех на Струга ТЛ!

780

И да сакаше да биде подраматично денеска, не можеше. Струга ТЛ имаше водство, имаше се во свои раце или нозе што се вели, водство на свој терен со Брегалница и реми во Струмица каде играа Брера и Шкупи. И потоа дојдоа проблемите, прво Шкупи поведе кај Брера, а потоа и Брегалница израмни во Струга. И така беше се до 90+2.минута, со тие два резултати (1:1 во Струга и 0:1 во Стррумица) чаирчани ќе беа есенски прваци, но тогаш Ибраими од слободен удар му асистира на Компаоре за гол, за победа од 2:1 за есенска титула. Да кажеме дека Бесарт и за првиот гол на Компаоре беше во улога на асистент.

Мислам дека беше драматично, неизвесно со среќен крај за сите нас во Струга ТЛ. Знаевме дека ќе биде тешко, Брегалница е одлична екипа. Сепак на крајот заслужено победивме и заслужено сме есенски шампиони. Јасно е дека ова е уште еден голем успех за Струга ТЛ ако се знае дека на моменти во есенскиот дел не бевме на своето ниво поради заморот од долгиот настап во Европа каде и таму имавме успеси. Сепак на крајот есенската полусезона ја заокружуваме со прво место. Напролет не чека тешка битка, но тогаш ќе бидеме поодморни и секако посилни“ изјави за “СпортСпорт“ најдобриот голгетер во историјата на ПМФЛ, Бесарт Ибраими на кого му требаат уште 8 голови па да стигне до фамозната бројка од 200 голови во нашата елитна лига.

ПретходноСе слави во Струга: Шампионот е и есенски првак! (ФОТО)
СледноШкупи со порака: Сите знаеме кој е вистинскиот лидер!