Пирло стана „жртва“ на најлудата прослава на гол (ВИДЕО)

555

Младиот Себастијано Еспозито на Сампдорија се најде во центарот на вниманието не само поради двата убави голови, туку и поради прославата на вториот погодок.

Тој истрча кон кај клупата, го грабна тренерот Андреа Пирло, на момент изгледаше како да го дави, но тоа беше чиста еуфорија. Од радост го тресеше својот тренер, а потоа се гушнаа. Секако искусниот тренер не му се налути за ова бидејќи Еспозито беше во еуфорија.


Така Сампдорија дојде до нови три бода по победата нас Лече, но и понатаму е на второто последно место во Серија Б со 19 бодови, да потсетиме на тимот од Џенова претходно со одлука на италијанската федерација му беа одземени два бода.

ПретходноТомас Тухел одби да коментира за дефанзивецот на Барселона
СледноКапинковски и Мишов со Самтредиа и следната сезона во елитната лига на Грузија!