ПМФЛ: Вардар на мегдан со Тиквеш, Работнички гостува во Охрид, Силекс под Шара а Брера го дочекува Шкупи!

262

 

Попладнево од 13 часот се играат последните пет средби од оваа есенската полусезона или од 18.коло во ПМФЛ. Денеска се “спушта завесата“ на годината 2023 во нашата елитна лига.

Шампионот Струга ТЛ ја дочекува Брегалница, а супер интересно се очекува да биде на Маџари каде Вардар се среќава со Тиквеш. Бодови кои и на двете екипи и тоа како им се потребни, да не говориме за “фенерџијата“ Вардар на кого секој бод му е злато вреден. Сепак треба да се победи Тиквеш кој оваа есен со тренерот Ѓорѓи Мојсов прави чуда.

Брера на свој терен игра со Шкупи. Чаирчани се надеваат на кикс на Струга ТЛ дома па со победа во Струмица да дојдат до есенската круна, сепак и Брера се прашува која денеска ќе биде предводена од Ѓорѓе Стојчев откако Џовани Валенти доби отказ поради слабите резултати.

Работнички со Гоце Седлоски не крие дека оди на победа во Охрид кај Воска. Сепак нема да биде лесно, тимот на Воска жестоко се бори да го избегне долниот дел на табелата.

Дербито се игра под Шара каде Шкендија го дочекува Силекс. Ова ќе биде меч за уживање со оглед на тоа дека се среќаваат две одлични екипи, сепак кратовци ќе бидат ослабени со неиграњето на тројца стандардни играчи.

Вчера во контроверзен натпревар, Гостивар со 1:0 славеше против Македонија ЃП.

Пролетниот дел од оваа 2023/24 сезона почнува на 18 февруари следната година.

ДВОЈКИ ЗА 18.КОЛО ВО ПМФЛ – ДЕНЕСКА (13 Ч)

Вардар – Тиквеш

Струга ТЛ – Брегалница

Воска – Работнички

Брера – Шкупи

Шкендија – Силекс

ВЧЕРА:

Гостивар – Македонија ЃП 1:0

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 36, Шкупи 35, Шкендија 32, Силекс 27, Гостивар 24, Работнички 23,Тиквеш 22, Брера 20, Македонија ЃП 18, Брегалница 17, Воска 17, Вардар 14 бодови…

ПретходноПМФЛ: Шампионот ја сака и есенската круна!
СледноПред 18 години Ц. Звезда го “откачила“ Пеп Гвардиола!