Како што велат последните информации од Шпанија, мечот меѓу Гранада и Билбао, кој беше прекинат при водство на гостите од 0:1, нема да продолжи, тој е прекинат и за неговата судбина ќе се знае следните денови. Ова доаѓа откако еден навивач на трбините почина од срцев удар.
Лекарите се обиделе да му помогнат, но за жал не успеале.
Поради оваа трагедија надлежните одлучија овој меч да биде и официјално прекинат.