Фит Фан Волеј славеше во дербито, нова победа за Струмица

322

Викендов беше комплетирано и 12. Коло од домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција. Највредна победа оствари екипата на Фит Фан Волеј, која успеа на домашен терен да го порази Наковски Волеј со 3:1 и да покаже дека игра одлична одбојка и оваа сезона.

Сепак, на врвот првата четворка и натаму останува непроменета. Работнички славеше кај Вардар ЕП, а победи нанижаа и Јанта Волеј и Струмица.

Прва лига (жени), 12-то коло

Вардар ЕМ – Работнички                         0:3 (21:25, 19:25, 23:25)

Фит фан волеј – Наковски волеј           3:1 (21:25, 25:20, 25:22, 25:20)

Струмица – Младост УГД                       3:0 (25:18, 25:13, 25:21)

Јанта волеј – Вардар 2019                  3:0 (25:13, 25:15, 25:18)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (34); 2. Наковски В. (28); 4. Јанта Волеј (25); 4. Работнички (23); 5. Фит Фан Волеј (16); 6. Младост УДГ (11); 7. Вардар ЕМ (7); 8. Вардар 2019 (0).

ПретходноГајгер победник на скокалницата во Клингентал
СледноГвардиола потврди: Халанд е повреден, не знам колку ќе паузира, можеби недела-две