Фудбалерите на Арсенал загубија со 0:1 на гостувањето кај Астон вила и пропуштија шанса да се вратат на лидерската позиција на табелата на која беа пред стартот на 16-то коло. „Топчиите“ во самиот финиш израмнија преку Каи Хаверц, но голот беше поништен.
На прашањето што мисли за одлуката на судијата да го поништи голот, тој само накратко рече:
„За мене сè е јасно и очигледно“.
Кога станува збор за самата игра, тој смета дека неговиот тим требало да победи.
„Не сум задоволен од резултатот. Горд сум на тоа како мојот тим одигра против овој тим на овој стадион, но топката не сакаше да влезе во голот, особено во второто полувреме, изгубивме малку контрола, лесно ја изгубивме топката, одевме пребрзо во нападот“, вели Артета.