Убаво фудбалско попладне на Маџари каде Вардар со 2:0 успеа да го совлада Тиквеш и да освои големи, големи три бода. Секако дека оваа победа и тоа како ги израдуваа “Комитите“ кои повторно воодушевија со кореграфијата.
Вардар покажа дека сепак има сила и натаму да се бори и да се надева дека може да избори опстанок. Посебно ако се знае дека до тоа место кое води во сигурен опстанок му недостасуваат само три бода.
А еве како изгледа табелата по одиграното последно 18.коло во есенската полусезона.
ТАБЕЛА
Струга ТЛ 37, Шкупи 36, Шкендија 35, Силекс 27, Гостивар 24, Работнички 23, Тиквеш 22, Брера 20, Воска 20, Македонија ЃП 18, Брегалница 17, Вардар 17.