Гајгер победник на скокалницата во Клингентал

69

Германскиот ски скокач Карл Гајгер е победник на неделното натпреварување Светскиот куп во Клингентал. Тој победи со скокови од 141 и 141,5 метри, или вкупно освоени 297,9 поени.

На второто место на подиумот се најде Швајцарецот Грегор Дешванден, кој забележа скокови од 138 и 146,5 метри и собра вкупно 293,6 поени. Трет беше сонародникот на Гајгер, Андреас Велингер, кој имаше скокови од 137,5 и 146,5 метри и вкупно 293,1 поен.

Штефан Крафт денеска немаше свој ден и заврши дури како деветти.

ПретходноМила Рељиќ освои бронзен медал на младинското Европско првенство во Романија!
СледноФит Фан Волеј славеше во дербито, нова победа за Струмица