Де Лаурентис на состанок со Осимен, му нуди 10 милиони по сезона

399

Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис закажал заеднички состанок со Осимен и неговиот агент, бидејќи сака да ги забрза работите околу потпишувањето на нов договор на Нигериецот. Планот на Де Лаурентис е Осимен да остане во Неапол до 2027 година.

Според „Ил Матино“, се очекува играчот да заработува околу 10 милиони евра по сезона со новиот договор. Ако се оди како што треба, Осимен ќе има нов договор со Наполи до крајот на овој месец.

ПретходноИрецот Вифен го собори светскиот рекорд на Грант Хакет на 800 метри слободно!
СледноРома со два црвени картони преживеа на „Олимпико“