Историја: Леброн и Лејкерси го освоија првиот НБА куп! (ФОТО +ВИДЕО)

406

ЛА Лејкерси предводени од Леброн Џејмс се освојувачи на првиот НБА куп. Тие во финалето на ова натпреварување, кое за првпат се одржува од оваа сезона, славеа против Индијана со 123:109 кое се одржа во Лас Вегас.

До историскиот наслов тимот од ЛА беше предводен од тројца играчи и тоа Дејвис (41 поени, 20 скокови и 5 асистенции), потоа Леброн кој за три дена ќе го прослави 39-тиот роденден имаше 24 поени и 11 скокови и беше прогласен за МВП на турнирот како и Остин Ривс со 28 поени.

Кошаркарите ова натпреварување го сфатија максимално сериозно, па затоа ќе бидат и богато наградени со бонуси од по 500.000 долари за секого во победничкиот тим кој има двосмерен договор и по 200.000 долари од играч за поразениот тим, за Индијана.Image

 

ПретходноАртета: За мене сè е јасно и очигледно
СледноПотпиша договор вреден 700 милиони долари, ама одма му земаат половина!