И Весна Пробиштип граби кон плеј-офот

113

Без поголеми изненадувања, фаворитите обезбедија очекувани победи во претпоследното есенско коло од домашното одбојкарско првенство во машка конкуренција. По петочниот триумф на Струмица на гости кај Сушево, викендов победи обезбедија и Лирија, Универзитет во Тетово и Весна Пробиштип, додека два меча се закажани за следнава недела.

Струмица, Лирија и Штип УДГ веќе имаат и математички пласман во плеј-оф фазата напролет, а останува прашањето за доколмпетирање на шесторката која ќе разигрува за титулата. Голем чекор кон следната фаза направи Весна Пробиштип со победата над ГОК БОрец од 3:1.

Токму затоа ќе биде особено интересно утрешното дерби во Штип каде гостува екипата на Шкендија.

Прва лига (мажи), 10. коло

Сушево – Струмица                              0:3 (21:25, 18:25, 20:25)

Лирија – Јанта Волеј                            3:0 (25:12, 25:10, 25:17)

Вардар – Универзитет во Тетово         0:3 (11:25, 15:25, 23:25)

Весна Пробиштип – ГОК Борец           3:1 (25:19, 25:20, 23:25, 25:12)

Штип УГД – Шкендија                          (понеделник, МРТ-3, 18.00)

Македонија Џио – Работнички 71&22   (среда, 19.30)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (30); 2. Лирија (23); 3. Штип УДГ (21); 4. Весна Пробиштип (21); 5. Работнички 71&22 (18); 6. Шкендија (15); 7. Универзитет во Тетово (18); 8. ГОК Борец (12); 9. Сушево (7); 10. Јанта Волеј (6); 11. Вардар (3); 12. Македонија Џио (0).

ПретходноЃоковиќ: Не сум пријател со Роџер и Рафа, ама би сакал да бидам!
СледноТотенхем го „размонтира“ Њукасл и им се врати на победите (ВИДЕО)