Убав успех за нашиот стратег Димитар Капинковски и напаѓачот Александар Мишов, кои со Самтредиа и официјално изборија учество и следната сезона во елитната лига на Грузија.
Имено денеска во реваншот од баражот за опстанок, нивниот тим загуби на гости кај Гареи Сагарео со 3:1, но на првиот меч на свој терен, на кој Мишов постигна гол, Самтредиа победи со 4:1 па така со вкупни 5:4 беа подобри.