Денеска се одиграа уште три нова мечеви за пласман во групната фаза во Купот на Македонија. Фавортите Вардар Неготино, ГРК Охрид и Скопје 2020 се најдоа во следната фаза.
Најдраматично беше на дуелот во Автокоманда каде Металург РА испушти шанса за сензација. Имаше водство на полувремето од 14-12, а во самиот финиш водеше со 25-23, по што му одозволи на противникот да се врати и со серија од 3-0 да поведе со 25-26. Домаќинот израмни, а потоа одново застана, доволно за да Скопје извојува победа.
Чакапиќ со 10 гола беше прв стрелец кај победникот, на другата страна Петровски имаше 11 погодоци.
На останатите средби ГРК Охрид беше подобар од Младост со 19-34, додека Вардар Неготино на гости кај Кичево славеше со 21-41.