Маките на капитенот продолжуваат, Јунајтед без Бруно на дербито со Ливерпул

146

Екипата на Манчестер Јунајтед забележа еден од најсрамните порази на „Олд Трафорд“ со 0:3 против тимот на Борнмаут во средбата од 16. коло на Премиер-лигата. Покрај тоа, „црвените ѓаволи“ не беа многу внимателни во дуелите со противничките играчи, капитенот на тимот Бруно Фернандеш доби жолт картон.

Ова беше официјалното предупредување за лидерот на клубот од Манчестер, што значи дека ќе го пропушти следниот првенствен натпревар против големиот ривал Ливерпул на 17 декември (недела).

Така, Ерик тен Хег ќе оди во едно од неговите најтешки дербија, а менаџерот ќе мора да направи се што може за да избегне ново понижување оваа сезона за најуспешниот клуб во Англија.

ПретходноОткако Грците ги депортираа: Првите “бед блу бојси“ пристигнаа во Загреб!
СледноПолувреме: Вардар води со Тиквеш, води и шампионот, 1:1 под Шара и 0:0 во Струмица