Трилер во Струга. Шампионот со гол во 90+2.минута дојде до есенската круна откако ја победи Брегалница со 2:1. Компаоре беше стрелец на тој победнички гол, како и на првиот за водство на Струга ТЛ од 1:0, а израмни Велкоски.
На шампионот му требаше само победа, ако се знаеше дека Шкупи славеше со Брера во Струмица со 0:1 со голот на Трапановски, па така Компаоре бо една мешаница бепе најприсебен и ја донесе еснската титукла. Гостите реакламираа офсајд.
Инаку Вардар на Маџари со 2:0, со головите на Глишиќ и Велковски го победи Тиквеш и дојде до златно вредни три бода.
Каков меч во Охрид? Работнички целио време напаѓаше, промашуваше и Воска тоа го казни со водство од 2:0. Гостите се вратија на 2:2 а потоа во последните секунди Олатонбосун и донесе победа на Воска од 3:2.
Шкендија со 3:1 го победи ослабениот Силекс кој имаше сили само за израмнување на 1:1.
Вчера Гостивар ја победи Македонија ЃП.
Со ова заврши есенскиот дел од сезоната, пролетниот дел ќе стартува на 18 февруари, дотогаш ќе има пауза.
РЕЗУЛТАТИ – 18.КОЛО
БРЕРА – ШКУПИ 0:1
(/Трапановски 47.)
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 3:1
(Аганспахиќ 8., 61., Тотре 90. /Ѓорѓиевски (п) 18.)
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 1:1
(Компаоре 12., 90+2./Велкоски 72.)
ВАРДАР – ТИКВЕШ 2:0
(Глишиќ 23.. Велковски 83./)
ВОСКА – РАБОТНИЧКИ 3:2
(Јахии 40., Марушиќ 47.,Олантбосун 87./Гандо 54., Тодоровски 85.)
ВЧЕРА
ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:0