Денеска во меч од последното есенско коло или 18.коло од оваа сезона, Струга ТЛ на свој терен ја пречекува Брегалница. Во пресрет на денешните мечеви, шампионот има бод предност пред второпласираниот Шкупи, и самиот си решава за тоа дали ќе биде есенски шампион и дали на зимска пауза ќе замине како лидер.
На Струга ТЛ и треба победа денеска за да стави печат и на есенската круна, може и со реми со пораз во зависност од реузлтатот на чаирчани на гости кај Брера Струмица.
Сепак од таборот на Струга ТЛ се најавува силен атак кон нова победа, четврта во серија.
Во пресрет на денешниот меч свој коментар има Хоган Укпа, интернационалецот од Нигерија кој кога дава голови за Струга ТЛ го прави тоа само против штипските “сини“:
“Досега сум постигнал три гола против Брегалница, би сакал денеска да го дадам и четвртиот. Играме добро во последно време, имаме победи во серија, се надевам дека така ќе биде и денеска. Нема да биде лесно, но бодовите за нас се многу важни и секако дека ќе го дадеме максмумот со победа да ја завршиме годината“ изјави Укпа.