Проблемот е решен: Анчелоти му кажал една реченица на Модриќ

3358

Лука Модриќ се врати во стартниот состав на Реал Мадрид, но беше заменет по 70 минути игра на дуелот со Бетис кој заврши 1-1. Потегот на Карло Анчелоти предизвика одредено незадоволство кај Хрватот. Од лутина шутна и шише со вода. Иако Анчелоти по мечот тврдеше дека не видел ништо, сепак во соблекувалната не остави овој момент да заврши без објаснување.

Во соблекувалната по мечот, искусниот стратег почекал Хрватот да се смири, а потоа му пришол и му објаснил зошто го заменил.

Трофејниот стручњак му порачал на Модриќ дека тоа го сторил за да го одмори ида промени нешто во играта, по што искусниот играч за врска се смирил.

Како ниеден играч, Модриќ не сака да биде заменет, но по објаснувањето на Анчелоти сфати дека промената дојде со најдобри намери за тимот.

 

ПретходноПред 18 години Ц. Звезда го “откачила“ Пеп Гвардиола!
СледноАбрамович мразел само еден клуб!