Рома со два црвени картони преживеа на „Олимпико“

273

Екипите на Рома и Фиорентина со реми ја затворија неделната програма од 15-тото коло во италијанската Серија А. Натпреварот донесе по еден погодок на двете страни како и два црвени картони.

Резултатот го отвори Ромелу Лукаку со гол во 5-тата минута за резултат 1:0, со кој екипите заминаа на одмор. Во вториот дел Жалевски доби втор жолт картон со што Рома остана со играч помалку. Екипата на Мурињо не издржа долго и веќе во 66-тата минута Мартинез донесе изедначување за Фиорентина.

До крајот Рома остана без уште еден играч по исклучувањето на Лукаку во 87-тата минута.

Со овој резултат Рома се искачи на четвртото место на табелата, додека Фиорентина го задржа седмото место.

ПретходноДе Лаурентис на состанок со Осимен, му нуди 10 милиони по сезона
СледноЏирона со историска победа, славеше против Барса како гостин (ВИДЕО)