Во невиден трилер меч, со победнички гол во 90+2.минута и тоа на Компаоре, Струга ТЛ ја победи Брегалница со 2:1 и успеа да дојде до есенската круна. Тоа значи дека шампионот сега е и есенски првак за сезоната 2023/24 и на зимска пауза ќе замине со еден плус бод пред Шкупи и четири пред Шкендија.
По мечот фудбалерите на Струга ТЛ заедно стручниот штаб, со раководството на клубот и фановите се фотографираа славејќи го новиот успех.