По серија од пет натпревари без победа, фудбалерите на Тотенхем ја прекинаа серијата лоши резултати откако го „прегазија“ Њукасл со 4:1. Херој на Тотенхем беше двојниот стрелец Ришарлисон, кој се врати во форма по повредата, додека Сон забележа две асистенции.
Тотенхем тргна агресивно и поведе во 26. минута со голот на Удоги. Сон во 38. минута асистираше за првиот гол на Ришарлисон за 2:0.
Вториот гол на Бразилецот дојде во 60. минута, а капитенот на Тотенхем, Сон, беше тој што од белан зголеми на 4:0 на пет минути пред крајот на средбата.
Во судиското надополнување, Њукасл успеа да дојде до почесен гол, по грешката на одбраната на Тотенхем, Вилсон го проигра Жоелинтон, кој го совлада Викарио за 4:1.