Федерер: Се надевам дека Новак ќе игра додека го сака тоа!

162

Некогаш беа тоа златни времиња на тенисот. Роџер, Рафа и Новак. Вистинско уживање за фановите на “белиот спорт“. Сепак Федерер веќе се пензионира, Надал почесто е повреден а Ѓоковиќ стана најдобриот во историјата.

За се ова свој коментар има Швајцарецот кој може да се каже дека важи за најелегантниот тенисер во историјата:

Бев среќен што можев да играм против двајцата. Ми се чини дека сум одиграл 40-50 меча против Рафа и Новак, тоа беа супер мечеви. Беше супер да се дели теренот со такви спортисти и тенисери. Се надевам дека Рафа ќе се врати на теренот следната година, додека за Новак имам да кажам дека му посакувам да игра се додека го сака тоа“ џентлменски изјави славниот Швајцарец.

ПретходноАбрамович мразел само еден клуб!
СледноТомас Тухел одби да коментира за дефанзивецот на Барселона