Викендов беше комплетирано и 12. Коло од домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција. Највредна победа оствари екипата на Фит Фан Волеј, која успеа на домашен терен да го порази Наковски Волеј со 3:1 и да покаже дека игра одлична одбојка и оваа сезона.
Сепак, на врвот првата четворка и натаму останува непроменета. Работнички славеше кај Вардар ЕП, а победи нанижаа и Јанта Волеј и Струмица.
Прва лига (жени), 12-то коло
Вардар ЕМ – Работнички 0:3 (21:25, 19:25, 23:25)
Фит фан волеј – Наковски волеј 3:1 (21:25, 25:20, 25:22, 25:20)
Струмица – Младост УГД 3:0 (25:18, 25:13, 25:21)
Јанта волеј – Вардар 2019 3:0 (25:13, 25:15, 25:18)
ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (34); 2. Наковски В. (28); 4. Јанта Волеј (25); 4. Работнички (23); 5. Фит Фан Волеј (16); 6. Младост УДГ (11); 7. Вардар ЕМ (7); 8. Вардар 2019 (0).