Џирона со историска победа, славеше против Барса како гостин (ВИДЕО)

489

Екипата на Џирона го потврди статусот на најголема сензација во Ла Лига, победувајќи ја Барселона со 2:4 во каталонското дерби во 16-тото коло.

На олимпискиот стадион “Монжуик” резултатот го отвори украинецот Довбик во 12-тата минута. Барселона брзо ги превзеде работите во свои раце и со брз гол на Левандовски во 19-тата минута стигна до изедначување.

До крајот на првиот дел Џирона повторно го превзеде водството со голот на Гутиерез во 40-тата минута. Во второто полувреме се играше мирно со по неколку шанси на двете страни. Голот на Валери во 80-тата минута им стави крај на надежите на Барса. Иако “блауграна” стигна до погодок во 91-та минута преку Гундоан, сепак во 96-тата минута искусниот Стуани постави конечен резултат со четврти гол во мрежата на Пења.

Со оваа победа Џирона го превзеде врвот во шпанската Примера оставајќи ги зад себе големите Реал и Барса.

ПретходноРома со два црвени картони преживеа на „Олимпико“
СледноОва го може само “специјалниот“! (ВИДЕО)