Абрамович мразел само еден клуб!

5699

Роман Абрамович и покрај сите контроверзи, сепак од Челзи создаде клуб од највисок ранг. Само благодарение на рускиот тајкун, “сините“ од Лондон успеаја во два наврати да дојдат до пехарот во ЛШ, а и да освојат голем број титули во ПЛ и ФА купот на домашна сцена.

Секогаш давал се од себе Челзи да биде тоа што беше и поради агресијата на Русија врз Украина мораше да го продаде клубот на Тод Боли, милијардерот од САД.

Никогаш газда Роман не кажал нешто лошо против било кој клуб, но дури сега се открива дека и тој мразел само еден клуб, а тој бил Тотенхем. Едноставно не можел да ги поднесе “спарси“.

Ова го кажува Карлтон Кол, некогашниот фудбалер на Челзи:

Мислам дека се беше готово за трансфер, ги минав и лекарските прегледи кога во еден момент ми се јави Абрамович и ми кажа дека нема шанси да потпишам за Тотенхем, дека не сака со нив да соработува, не сака да има ништо со нив. Ми понуди неколку опции но никако не ме пушти во Тотенхем“.

ПретходноПроблемот е решен: Анчелоти му кажал една реченица на Модриќ
СледноФедерер: Се надевам дека Новак ќе игра додека го сака тоа!