АТП го избра најдобриот меч во 2023 година

185

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го одигра најдобриот меч во 2023 година, како и три од најдобрите пет, објави АТП на својата официјална веб-страница.

За најдобар меч во годината е прогласено финалето на Мастерс во Синсинати, во кое Ѓоковиќ по три часа го совлада Карлос Алкараз со резултат 2:1 (5:7, 7:6(7), 7:6(4).

Борбата меѓу Србинот и Шпанецот АТП ја опиша како „натпревар кој долго ќе се памети во светот на тенисот“.

Ноле спаси меч топка, а потоа триумфираше во најдолгиот меч во два добиени сета од 1990 година.

„Ѓоковиќ го подигна нивото на својата игра со импресивен приказ на физичка издржливост и ментална сила, спасувајќи меч-поен во тај-брејкот во вториот сет пред да го победи својот помлад противник и да ја освои својата 39-та титула на Мастерс“, се вели на веб-страницата на АТП.

Втор најатрактивен дуел во годината според АТП е победата на Јаник Синер над Ѓоковиќ во групната фаза на завршниот Мастерс со резултат 2:1, по што следи пресметката помеѓу Синер и Алкараз во Мајами. На четвртото место повторно е Ѓоковиќ и неговиот дуел со Корда, а на последно место е дуелот во кој Данил Медведев победи против Александар Зверев со 2:1 во Индијан Велс.

ПретходноСалах: Гледам победнички менталитет
СледноПМФЛ: Струга ТЛ со гол во 90+2.минута до есенската круна, Вардар го “скрши“ Тиквеш, победи на Шкендија, Шкупи и Воска…