Дуро: Заслужено сме есенски шампиони, остануваме главен фаворит и за титулата

456

Со победата над Брегалница со 2:1, СТруга ТЛ е нов есенски шампион. Тренерот Шпетим Дуро, се осврнува на текот на целата средба и на новиот успех на шампионите.

„Оваа беше натпревар кој требаше да го решиме многу побрзо со многуте чисти шанси што ги создадовме. Сепак, убава победа. Ќе биде силно ривалство меѓу нас, Шкупи и Шкендија, но апсолутно можам да кажам дека сме главни фаворити за титулата. Повторно сме есенски шампиони и покрај многуте натпревари што ги имавме во Европа, како и на многу набиениот календар. Нашите ривали не го искористија овој момент, па на крајот мислам дека сме на првото место целосно заслужено“, вели Дуро.

Денешната победа за Шпетим Дурон како тренер на Струга Трим Лум беше 25-та од вкупно 37 натпревари.

ПретходноТФТ подобар во драматичната завршница против Феникс 2010 (ФОТО)
СледноИрецот Вифен го собори светскиот рекорд на Грант Хакет на 800 метри слободно!