Кошаркарите на Еуро Никел обезбедија убедлива и прилично лесна победа во еден од двата последни меча во новата рунда од домашно кошаркарско првенство. Во дуелот против скопски Вардар, кавадарчани славеа со 116:66, обезбедувајќи победа од 50 кошеви разлика, една од најубедливите остварени оваа сезона во домашниот шампионат.
Со оглед на резултатот, доминацијата на Еуро Никел беше присутна од првата до последната минута на средбата. Златев со 24 поени беше најефикасен кај домашните, додека кај гостите прв стрелец беше Бајрам со 21 поен.