Ирецот Вифен го собори светскиот рекорд на Грант Хакет на 800 метри слободно!

97

Ирецот Даниел Вифен е нов светски рекордер во пливање на 800 метри слободно во 25-метарски базени. Тој денеска на последниот ден од ЕП во Романија, исплива време од 7:20,46 минути и се запиша на вечната листа.

Вифен за речиси три секунди успеа да го надмине досегашниот најдобар резултат на планетата, кој од 2008 година беше во сопственост на Австралиецот Грант Хакет (7:23.42). Ова е трето злато за Вифен во Романија, бидејќи претходно победи и на 400 и 1.500 метри слободно

ПретходноДуро: Заслужено сме есенски шампиони, остануваме главен фаворит и за титулата
СледноДе Лаурентис на состанок со Осимен, му нуди 10 милиони по сезона